Рафаел Надал успеа да ја освои рекордната 13. титула на Ролан Гарос откако во финалето во Париз го совлада Новак Ѓоковиќ со максимални 3-0 по сетови 6:0, 6:2, 7:5.
Тој по лесната победа во првите два сета успеа да го издржи притисокот во решавачкиот и да се израдува на нова титула од Грен Слем турнирите во Франција Шпанскиот тенисер со денешниот триумф се израмни со Швајцарецот Роџер Федерер и сега двајцата имаат по 20 гренд слем титули. Србинот Ѓоковиќ има 17.
На 34-годишниот тенисер од шпанскиот дел на Пиринеите му недостасува само една победа за да стане четвртиот тенисер во историјата со 1.000 победи по Џими Конорс, Роџер Федерер и Иван Лендл.