Надал: ми предвидуваа кратка кариера а јас веќе одиграв 1000 мечеви

0

Рафаел Надал со победата против Филип Колшрајбер го прослави јубулејниот 1000-ти меч во професионалната кариера. Шпанецот влезе во 1 /8 финалето на Мастерсот во Мајами откако славеше со 2 спрема 1  по сетови 0: 6, 6: 2, 6: 3.

„Илјада мечеви е одлично бидејќи покажува дека имам долга кариера. Многу години слушав дека ќе имам кратка кариера… се потсетувам многу добро на првиот меч бидејќи беше дома во Мајорка . Тоа беше мојата прва победа на АТП турнир и чувството беше одлично“ вели Надал и се осврна на дуелот со Колшрајбер.

„Тој правеше сè, како што треба, но, тоа е спортот. Изгубив сет бидејќи играше премногу добро но, позитивно е што се вратив во игра по тешкиот прв сет“ рече тенисерот од Шпанија.

Share.

Leave A Reply