Надал не е задоволен од новите правила

0

Првиот тенисер на АТП , листата, Рафаел Надал, реагираше по најавените промени во правилата од неколку аспекти. Шпанецот не е задовоен од воведувањето на часовник што ќе го мери времето за сервирање меѓу два поена. „

Не ми се допаѓа. Не е исто да се игра на 40 и 15 степени. Секој играч мора да се адаптира на условите. За такви работи отсекогаш сме имале судија. Мислам дека часовник не може да придонесе за одличен меч“ – потенцирал Надал.

Според најавите, часовник ќе го одбројува времето за дозволените 25 секунди за сервис меѓу два поена, ќе се мери и време од една минута за влез на теренот, пет минути за загревање и една минута како подготовка за почеток на мечот. Сите тенисери што нема да ги почитуваат правилата се соочуваат со големи парични казни.

 

Share.

Leave A Reply