Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал се обиде да ја објасни неговата одлука да го пропушти Отвореното првенство на САД. Еден од најдобрите играчи на денешницата вели дека турнирот во Њујорк ќе биде силен иако дел од ѕвездите нема да настапат поради пандемијата со ковид-19.
„Не сум арогантен, турнирот нема да загуби ништо само затоа што јас нема да играм . Да, неколку големи имиња нема да играат, но, кој и да победи, ќе има значење. Сепак станува збор за Грен Слем“ – вели Надал.
„ Верувам дека Роланд Гарос ќе се одржи и за него се подготвувам. Се надевам ќе има услови да се реализира“ – потенцираше Надал.