Надал не верува дека Ѓоковиќ е повреден

0

Шпанецот, Рафаел Надал, кој синоќа загуби од Швајцаецот, Рожер Федерер, во финалето на тенискиот Мастерс одигран во Мајами, искористи едно интервју за да проговори и за неговиот голем ривал, Новак Ѓоковиќ. Седмиот играч на АТП листата изрази сомневање дека тенисерот од Србија се соочува со повреда.

„Не знам, наредниот викенд ќе настапи за Србија против Шпанија, затоа се сомневам дека е во прашање некаква повреда“, вели Надал кој поради замор го откажа настапот на претстојниот  Дејвис Куп меч.

Ќе потсетиме дека Надал не се појави во дресот на „црвената фурија“ и пред околу еден месец во Осијек на осминафиналната пресметка против Хрватска.

Share.

Leave A Reply