Надал обезбеди финале на Австралија Опен

0

Рафаел Надал одигра фантастичен меч и обезбеди финале на првиот Грен Слем турнир, Австралија Опен. Шпанецот денеска го совлада младиот Грк Стефанос Циципас во првото полуфинале од Австралија Опен.

Шпанскиот тенисер со 3:0 по сетови (6:2, 6:4, 6:0) без проблем го реши натпреварот и сосема заслужено обезбеди финале, каде за противник ќе го очекува победникот од утрешниот дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Французинот Лук Пуј.

Share.

Leave A Reply