Надал се огласи на социјалните мрежи

0

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, кој има освоено 19-ет Грен-слем титули,  ги искористи социјалните мрежи за да испрати зборови за поддршка до сите здравствени работници кои се вклучени во борбата со корна-вирсуот и воедно да ги охрабри сите што во моментов страдаат од  болеста.

„Би сакал да испратам порака до сите лекари, медицински сестри и здравствени работници кои нè штитат, како и до полицијата, цивилната и националната безбедност, војската и сите што не прават да се чувствуваме малку побезбедни. На крајот на краиштата, тие се под најголем ризик од добивање на вирусот, тие се наши херои. Сакам да го изразам восхитот и ви благодарам на сите“ – напиша Надал.

„Имајте храброст. Само можам да кажам дека на сите ни е многу жал, останете дома и следете ги сите препораките за да се стави крај на тоа на пандемијата“ – напиша Шпанецот.

 

Share.

Leave A Reply