Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, моментно вторпласиран на АТП листата, успешно го започна настапот на првиот Грен Слем турнир оваа сезона, Отвореното првенство на Австралија. Надал успеа да го мине Дакворт во 1. коло победувајќи го со 6:4, 6:3, 7:5. Иако загуби во три сета, 26-годишниот Австралиец навистина пружи одлична партија против Шпанецот.
Вториот искусен Шпанец Фернандо Вердаско, го совлада Миомир Кечановиќ (Србија) со 7:5 (6), 6:3, 6:3, додека 14. фаворит Стефанос Циципас (Грција) беше подобар во 4 сета од Матео Беретини (Италија) со 6:7 (3), 6:4, 6:3, 7:6 (4).
Изненадување кај мажите на стартот приреди 21-годишниот Рајли Опелка, кој го елиминираше искусниот американец Изнер. 97. во рангирањето на АТП, славеше со 7:6 (4), 7:6 (6), 6:7 (4), 7:6.
Кај дамите, вторатафаворитка Кербер успешно ја совлада Херцог во два сета 6:2 и 6:2, додека Марија Шарапова на стартот беше подобра од квалификантката Дарт исто така во два сета, не препуштајќи и на противничката ниту еден гејм.