Надал верува во успех во Мајами

0

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, изјави дека се чувствува максимално подготвен и дека за прв пат во кариерата може да го подигне победничкиот пехар на Мастерсот кој се реализира на Флорида.

Тој во моментов го има седмото место на АТП листата и доколку успее да го освои трофејот во Мајами драстично ќе го подобри неговиот рејтинг.

„Подготвен сум и верувам дека ќе го освојам пехарот. Добро е ѓто сум здрав и се надевам дека ќе ја искористам секоја прилика да го освојам силниот турнир, – изјави Надал кој на стартот е слободен а во второто коло треба да се сретне со подобриот од денешниот меч од 19.00 часот меѓу  Кристијан Харисон (САД) – Дуди Села (Израел).

Share.

Leave A Reply