Тренерот на фудбалерите на Динамо Букурешт, Еуген Нагое, претрпел срцев удар на вчерашниот меч против Универзитатеа Крајова по што веднаш бил хоспитализиран.
Брзата реакција на лекарскиот тим практично му го спасила животот на тренерот на романскиот состав кој веднаш потоа бил префрлен во клиничкиот центар за понатамошно лекување.
Неагое пред само еден месец го презеде кормилото на Динамо Букурешт, но, фановите не се задоволни од неговата работа и во континуитет го повикуваа да си даде оставка.