Најавен е нов систем во СЕХА конкуренцијата

0

Претседателот на ракометната СЕХА лига, Михајло Михајловски, по денешниот состанок во Скопје, најави промени од наредната сезона.

„Сакаме секоја година да биде се поорганизирана и поквалитетна. Видовме дека на  екипите им е тешко да играат во Лигата на шампионите, СЕХА и во домашното првенство. Затоа правиме обиди да го промениме системот со што би се намалил бројот на натпревари а би се зголемил квалитетот и бројот на екипите. Наместо 20, екипите да одиграат по 14 натпревари “, изјави Михајловски.

СЕХА лигата може да стартува со две групи од по шест екипи. Потоа најдобрите четири од двете групи ќе се сретнат во четврт-финале а победниците од тие пресметки ќе играат на завршниот Ф4 турнир.

Share.

Leave A Reply