Најавите се остварија

0

Еурофарм работник и РК Пелистер потпишаа договор со кој фузираа и станаа – Еурофарм Пелистер. Тоа значи дека Битолчаниќе имаат две ракометни екипи со исто име а разликата ќе биде само бројот 2 кој ќе му се додаде на вториот состав кој ќе настапува само во домашните конкуренции.

Главниот тим Еурофарм Пелистер ќе продолжи да се натпреварува во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите.

Во договор на клубовите со Општина Битола, буџетот во наредните пет сезони ќе би минимум еден милион евра годишно од кои Општината ќе покрие една четвртина или 15 милиони денари.

 

Share.

Leave A Reply