„Најк“ испратил понуда до Реал Мадрид

0

Бразилската ѕвезда на ПСЖ, Нејмар, најверојатно ќе остане на одлуката да си замине од „Паркот на принцовите“ иако во текот на изминатото лето за него беа платени неверојатни 222 милиона евра.

Се претпоставува дека првиот човек на Французите, Ал Калифи, ќе се согласи да го продаде голгетерот за сума од 400 милиони евра што во моментов ќе може да ја плати Реал Мадрид. Наводно американската компaнија за спортска опремa – „Најк“ им испратила на шпанците интересна понуда дека ќе плати дел од трансферот доколку „кралевите“ го раскинат договорот со „Адидас“.

„Nike“ (Манчестер Јунајтед и Барселона) и „Адидас“ (Реал Мадрид  и Челзи), години наназад се борат за најдобрите светски клубови. Ќе потсетиме дека и Нејмар има договор со Најк што дополнително може да ја олесни работата.

Share.

Leave A Reply