Намален интересот за фудбал во Германија

0

Податоците кои ги објави националната телевизија АРД покажуваат сериозен пад на интересот за фудбал во Германија.

И покрај недостатокот на навивачи на стадионите, многу помалку луѓе ги гледаа натпреварите на телевизија по продолжувањето на првенството. Финалето на германскиот куп во саботата го следеле 7 милиони гледачи на АРД, што претставува намалување за 26,6 %. Помеѓу 2013 и 2019 година, натпреварот за трофејот во Купот на Германија го следеле во просек 10 милиони луѓе.

Традиционалното фудбалско шоу на националната телевизија „Sportschau“ забележа остар пад на гледаноста од средината на мај, кога продолжија натпреварите во Бундеслигата.

Во овој период, просечно, 3,3 милиони гледачи ја гледале оваа емисија на ТВ, што е многу помалку од вообичаените 4,81 милиони гледачи. „Не знам дали падот на интересот е протест против продолжување на првенството, но за фудбалот се чини дека во моментов има помалку интерес кај некои луѓе“, изјавиле од АРД.

Share.

Leave A Reply