Нант го носи Клинсман како замена за Раниери

0

Германскиот стратег Јирген Клинсман може да го замени Клаудио Раниери на позицијата прв тренер на француски Нант. Реномираниот француски весник „Франс Фудбал“, објави дека раководството на францускиот клуб бара замена за Раниери, кој ќе ја напушти функцијата на крајот од оваа сезона.

Поранешен селекторна германската репрезентација, Јирген Клинсман, е прва реална опција за Нант. „Канаринците“ ќе бараат адекватно решение кое следната сезона тимот ќе го поведе во трка за титулата во Лига 1.

Последното работно место на 53-годишниот Клинсман беше селекцијата на САД, која ја напушти во ноември 2016 година.

Share.

Leave A Reply