Бразилецот, Вилијан во текот на летото ќе го напушти фудбалскиот состав на Челзи, тврдат денеска дел од медумите во Англија. Тој за да ја продолжи кариерата во Лондон му поставил неколку услови на клубот од – „Стемфорд Бриџ“, но, се чини дека тие нема да бидат прифатени од страна на раководните гарнитури.
Проблемот е што „сините“ не практикуваат да прават долгорочни договори со играчите што имаат повеќе од 30-ет години. Вилијан пак, не сака да добие понуда за само една сезона.
Тоа значи дека 30-годишниот офанзивец ќе има шанса да ја промени средината. За неговите услуги се заинтересирани францускиот ПСЖ и шпанската Барселона.