Напаѓачот ќе го напушти „паркот на принцовите“

0

Бразилскиот фудбалер во редовите на ПСЖ, Лукаш Моура, во текот на јануарскиот преоден рок ќе се пресели во кинескиот состав Пекинг Гуан.

Засега не се потенцираат финансиските параметри на трансферот иако е познато дека богатите сопственици на кинеските фудбалски тимови не жалат на пари кога станува збор за ангажман на играчи од Европа. Моура не ја доби вистинската шанса во редовите на „светците“ и сосема оправдано се определи да ја промени средината.

Доаѓањето на Нејмар и на Мбапе во Париз ја направи конкуренцијата во нападот пеколна по што 25-годишниот бразилски репрезентативец доби многу мала минутажа. Иако се појавија шпекулации дека Моура може да замине во Челзи на крајот сепак се определи да заигра во шампионатот на Кина.

Share.

Leave A Reply