Напаѓачот на ПСЖ нема убави спомени од престојот во Англија

0

Аргентинскиот фудбалер од ПСЖ Ангел Ди Марија денеска ќе има можност да се врати на „Олд Трафорд“ и да игра против неговиот поранешен состав Манчестер Јунајтед. Во пресрет на мечот во Лигата на шампионите брзоногиот играч се потсети на тешкиот период што го помина во англискиот тим.

„Издржав само една година. Тоа не беше мојот најубав период во кариерата или тие не ми го дозволија тоа. Клубот тогаш имаше проблеми со тренерот. Му благодарам на Бога што си заминав од таму во насока на ПСЖ и се пронајдов себе си” – кажа Ди Марија.

Тренерот на францускиот тим Тухел се соочува со повредени фудбалери меѓу кои влегуваат Нејмар, Кавани и Муние што значи дека Ди Марија најверојатно ќе биде меѓу стартерите на денешниот меч.

Share.

Leave A Reply