Наполи го договори Симоне Верди?

0

Според весникот „Кориере дело Спорт“, напаѓачот на Болоња, Симоне Верди е блиску до тоа да стане играч на Наполи. Шефовите на тимот од Неапол сакаат да потпишат договор со фудбалерот во јуни, откако во јануарскиот преоден рок самиот Верди не сакаше да се пресели од Болоња.

Маурицио Сари полека ја подготвува новата селекција за следната сезона, па оттука на врвот на неговата листа на желби се наоша Верди. Моменталната вредност на Верди на пазарот е околу 22 милиони евра.

Според весникот, двете страни овој пат најверојатно ја заклучиле соработката и се треба само да биде потврдено во јуни.

Share.

Leave A Reply