Наполи официјално го промовираше Виктор Осимен

0

Наполи денес и официјално го потврди трансферот на еден од фудбалерите кои беа поврзувани со овој клуб изминатите неколку месеци, Виктор Осимен од Лил.

21-годишниот млад нигериски репрезентативец кој доаѓа од екипата на Лил, каде оваа сезона блесна со своите игри и очекувано го привлече вниманието на европските гиганти.

Младиот фудбалер својата професионална кариера ја започна во германскиот Волфсбург од каде направи трансфер во Шарлерој – Белгија, па по само една сезона се пресели во Лил.

Во редовите на францускиот тим одигра сезона за паметење и на 38 натпревари постигна 18 гола. Интересно е што Осимен е најскапото засилување во историјата на Наполи. Сумата која се споменува е околу 50 милиони евра, а со тоа го надмина Гонзало Игуеин за кого Наполи плати околу 40 милиони евра.

Во 2015 година тој беше дел од шампионската генерација на Нигерија на СП до 17 години, а со своите 10 гола беше избран за најдобар стрелец на турнирот. За А–репрезентацијата на Нигерија има одиграно 10 натпревари и постигнато 4 гола.

Share.

Leave A Reply