Наполи со понуда за голманот на Ливерпул

0

Наполи е подготвен по завршувањето на сезоната да го купи голманот на Ливерпул, Симон Мињоле. Како што објавија италијанските медиуми, Мињоле бил контактиран преку неговиот агент и има голема веројатност тој да заврши на голот на наполитанците следната сезона.

Белгијанецот не е задоволен од ситуацијата на „Енфилд“, бидејќи Јирген Клоп сака да прави чести ротации со голманите и веќе не му е загарантирано местото на прв голман. И вчера во изјава за медиумите Мињоле потенцираше дека не е задоволен од одлуката на Клоп.

Мињоле дојде во Ливерпул од Сандерленд во 2013 година и се покажа како одличен чувар на мрежата.

Share.

Leave A Reply