Младиот фудбалер на Челзи, Били Гилмор, влегува во плановите на италијанскиот с Наполи, објавија денеска медиумите во Англија.
Според наведеното, составот за кој игра нашиот Елиф Елмаз, размислува да го ангажира времено 19-годишниот играч со опција да му го откупи договорот. Тоа може да се случи во наредниот трансфер период.
Гилмор кој потекнува од школата на Глазгов Ренџерс, во 2017 година се пресели во академијата на Челзи а една година подоцна потпиша професионален договор до летото во 2023 година.