Нашите екипи забележаа нови победи

0

Алкалоид ја победи Валеренга со 6-0 во 3-тото коло на Европскиот клупски шаховски куп кој се одржува во Анталија додека Гамбит Асеко ја запиша и третата победа со 3,5 : 2,5 против тимот на Макаби.

На собирот во Турција победи за Алкалоид забележаа: Динг Лирен, Павел Елјанов, Дмитри Андрејкин, Ју Јангжи, Дмитриј Јаковенко и Јури Криворучко. Цел поен за Гамбит Асеко обезбедија Марјан Митков и Дејан Динев додека Петар Арнаудов, Богдан Подлешник и Орце Данчевски одиграа реми. Единствениот пораз го претрпе Никола Николески.

Гамбит во конкуренција на 36 екипи го дели првото место со Глобус, Јурду и Леиден додека Алкалоид е на делба на седмото место.

Share.

Leave A Reply