Нашите млади фудбалски репрезентации продолжуваат со успешните настапи

0

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години со победа против Лихтенштајн го започна развојниот турнир на УЕФА кој се реализира во Скопје.

Младите фудбалери предводени од селекторот,Горан Станиќ, славеа против врсниците од Лихтенштајн со 2 спрема 1 со головите на Агон Елези во 10. минута и Џемал Ибиши во 50. минута. Погодокот за гостите беше дело на Грабер.

Во првиот меч на  турнирот кој се реализира на тренинг центарот „Петар Милошевски“, репрезентацијата на Романија со 1:0 славеше против Израел.

Share.

Leave A Reply