Нашите млади селекции ги добија противниците

0

Нашата фудбалска селекција У 19 ќе се сретне со Англија, Унгарија и Летонија во елитната фаза од квалификациите за место на Европското првенство во 2019 година. Квалификацискиот турнир ќе го организираме во Скопје кон крајот на март во 2018-та.

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ги доби и противниците за првата фаза во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2020 година.

Нашите момци се најдоа во групата 3 заедно со Хрватска, Чешка и Луксембург. Двете најдобри репрезентации од секоја група ќе обезбедат место во елитната рунда во квалификациите.

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години ги доби ривалите во елитната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Генерцијата предводена од Горан Станиќ на ждрепката се најде во групата 3, а за пласман на големото натпреварување ќе разигрува со репрезентациите на Ирска, Полска и Грузија. За нашата репрезентација ова е прв, историски пласман во елитната фаза во конкуренција за фудбалери до 17 години.

Мини-турнирите мора да завршат до 1 април, а осумте победници во групите ќе се пласираат на завршницата каде чека Англија. Првенството ќе се одржи од 4 до 20 мај.

Share.

Leave A Reply