Нашата ракометна репрезентација денешниот слободен ден го искористи за утрински тренинг и подготовка за утрешниот натпревар со Бахреин.
Во убава атмосфера и зголемен оптимизам , но од друга страна и претпазливост нашите ракометари најавуваат ист пристап во играта и на меот со Бахреин.
Она што е добро по првиот натпревар е тоа што победивме, ја остваривме почетната победа, но и сите ракометари се здрави и се подготвуваат за следниот противник. Попладне ќе се гледа видео анализа на противникот и ќе се бара начин како да се дојде до планираната втора победа.