Нашите ракометни надежи имаат отворена врата кон ЕП

0

Младата женска ракоментна репрезентација на Македонија (до 19 години)  на чекор до пласман на Европското првенство што годинава ќе се одржи во Словенија.

Со синоќешниот триумф врз Молдавија со 44-25 во рамките од првата квалификациска група во СРЦ „Кале“ и убедливиот пораз на ракометарките на Фарските Острови од Унгарија со 41-16, Македонија е на втората позиција со ист број бодови (2) како и Фарските Острови, но, подобра гол разлика (Македонија +4, Фарски Острови -7).

Денеска во последното коло натпреварот Македонија – Фарски Острови ќе се одигра во терминот од 19 часот и 30 минути. На нашата селекција и треба минимум нерешен резултата за да се пласира на континенталното првенство во Словенија.

Share.

Leave A Reply