Нашите скијачи без пласман во велеслаломот во Ст. Мориц

0

Најдобриот македонски скијач Антонио Ристовски не стартуваше на втората велеслаломска трка на светското првенство во Ст. Мориц, откако по првата имаше пласман на 61. место. Тој ја заврши првата велеслаломска трка со резултат 1:04.93 го зазема 61. место, но не се појави на стартот на втората трка во која можеше да се бори и за подобар пласман и настап на утрешната финална трка.

Ништо подобар не беше ни Марјан Нашоку. И тој не ја заврши втората трка, откако по првата го освои 83. место. Уште во првата велеслаломска трка Лука Божиновски не успеа да стигне до целта.

Единствената македонска скијачка која ја преставува нашата земја на светското првенство во Ст. Мориц, младата Лидија Симјановска, не успеа да избори пласман во втората трка во велеслалом, откако на денешната прва трка заврши на 80. место со време од 1:17.41, што беше за 15.40 секунди од првопласираната Теса Ворли од Франција.

Share.

Leave A Reply