Фудбалерот од средниот ред на Вест Хем Самир Насри изјави дека не е сигурен за својата иднина по крајот на сезоната.
Во јануари оваа година 31-годишниот играч од средниот ред потпиша краткорочен договор со „чеканите”, откако ја „одлежа“ казната од 18 месеци поради употреба на забранети супстанции.
„Не знам каква ќе биде мојата иднина. Сега имам уште седум натпревари пред себе, во кои се надевам дека ќе играм и нема да добивам повеќе повреди. Потоа ќе мислам што ме очекува. За мене најважно беше да се вратам на теренот и тоа се случи во јануари”, изјави поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Сити.
Во дресот на Вест Хем Насри има одиграно пет натпревари од премиер лигата во кој имаше две асистенции.