Наваро останува во омилениот клуб

0

Кошаркарот, Хуан Карлос Наваро, ќе продолжи да биде дел од тимот на Барселона во сезоната 2017/2018.

Веста беше потврдена денеска откако легендата на клубот потпиша нов договор во присуство на претседателот, Џозеф Бартоме и еден од членовите на Кошаркарската дивизија, Џоан Блејд.

Информациите што им беа достапни на медиумите велат дека договорот е на подолг рок и дека во наредното лето двете страни ќе се состанат повторно за да видат дали „Ла Бомба“ ќе продолжи во Барса како играч или ќе има уште една улога во клупската структура.

Share.

Leave A Reply