Голем дел од навивачите на Манчестер Јунајтед воопшто не се задоволни од менаџерот на тимот Жозе Мурињо и сакаат да си замине од клубот, пишуваат англиските медиуми.
Навикнати на постојани трофеи во Премиер лигата, навивачите се желни за титулата во Англија, но во минатата сезона „црвените ѓаволи” останаа далеку зад шампионот и рекордерот по освоени бодви во историјата на првенството – тимот на Манчестер Сити.
Фановите сакаат раководството да го отпушти „Специјалниот“, но за тоа треба да му бидат исплатени 12 милиони евра. Поради ова веќе навивачите размислувата да отворат донаторска сметка.
Како што е познато, поранешниот менаџер на тимот Дејвид Мојлс беше исто така под протисок да си замине на сличен начин, но тогаш навивачите се одлучија да потрошат само 840 фунти за да ангажираат авион кој прелета над „Олд Трафорд”, носејќи банер на кој пишува: „Мојлс, оди си!”.
Е сега останува да видиме дали навивачите на Манчестер Јунајтед ќе успеаат со оваа своја иницијатива да соберат 12 милиони евра за да го платат обештетувањето за заминување на Мурињо.