Навивачите на Ливерпул сакаат сами да го купат Килијан Мбапе

0

Навивачите на Ливерпул го сакаат напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе во составот на својата екипа.

Двајца навивачи на англискиот клуб започнале акција за собирање средства за трансфер на францускиот фудбалер. Собраната сума е 250 милиони фунти (290,5 милиони евра) планираат да биде наменета за куување на овој фудбалер.

„Бидејќи Ливерпул нема доволно пари за ваков трансфер, мислевме дека можеме да направиме акција и да собереме средства од сите навивачи ширум светот. Да го шокираме фудбалскиот свет. Во светот има приближно 100 милиони навивачи на Ливерпул. Ако учествуваат сите, тоа ќе чини само 2,5 фунти по навивач, а потоа можеме да собереме доволно пари за да преговараме со Килијан Мбапе. Да се ​​здружиме за првиот и најголемиот трансфер финансиран од навивачи досега. Ајде да направиме историја“, гласи  пораката од фановите.

Share.

Leave A Reply