Навивачите на Наполи со протест пред клупската база

0

Навивачите на Наполи организираа протест пред клупската база, според информациите и видеата кои беа објавени на интернет, приврзаниците на Наполи се незадоволни од играчите, раководството на клубот и резултатите на тимот. Тие излегоа на улица со постери на кои пишуваше: „Почитувај“.

Клубот планира да преземе правни мерки против сопствените играчи, кои, спротивно на одлуката на раководството, ја напуштија тренинг-базата по натпреварот во Лигата на шампионите против Салцбург (1:1) и се вратија дома. Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, планираше да го има во карантин во базата целиот тим се до средбата со Џенова, но целиот тим не ја послуша неговата одлука.

Де Лаурентис реши да го казни тимот со тоа што играчите нема да си одат дома и ќе останат во клупската база по поразот од Рома (1:2). Ова предизвика конфликт меѓу претседателот и Карло Анчелоти, кој беше незадоволен од целиот тренинг процес.

Share.

Leave A Reply