Навивачите на Реал Мадрид се речиси едногласни во желбите

0

Големи 85-ет проценти од фановите на европскиот фудбалски шампион, Реал Мадрид, кои беа дел од посебна анкета, имаат желба да го видат  Еден Азар на „Сантијаго Бернабе“ уште во текот на зимскиот преоден рок.

Според нив, Азар е вистинското решение за да се надмине кризата во тимот. Ѕвездата на Челзи која покажа одлични партии на Мундијалот во Русија има блескав старт и во Премиер конкуренцијата.

Белгискиот интернационалец неодамна, изјави, дека е среќен во Лондон, но, дека сонува еден ден да заигра за Реал. Неговиот договор со екипата од „Стемфорд Бриџ“ ќе истече во јуни во 2020 година.

 

Share.

Leave A Reply