НБА

0

Мајами е првата екипа која успеа да обезбеди пласман во финалето по конференции во кошаркарската НБА лига.

„Жешките“ во полуфиналето со 4-1 го елиминираа составот на Милвоки кој во регуларниот дел од сезоната заврши на првата позиција на Истокот.Мајами до четвртиот триумф стигна благодарение на победата со 103-94.

Во текот на ноќта ЛА Лејкерс поведе со 2-1 во серијата со Хјустон откако „езерџиите“  победија со 112-102 во третиот меч од плеј-офот. Кај Лејкерси, Леброн Џејмс имаше 36 кошеви додека во поразениот состав се издвои Џејмс Харден кој реалзираше 33 поени.

Share.

Leave A Reply