НБА драфтот оваа година ќе биде целосно онлајн

0

Драфтот во НБА лигата е закажан за 18 ноември, а според планот ќе биде целосно преку онлајн, односно Интернет, објавија НБА и ЕСПН телевизијата, која ги поседува телевизиските права.

Изборите во првиот круг ќе ги објави комесарот на лигата Адам Силвер, а неговиот заменик Марк Татум ќе го преземе вториот круг. Двајцата ќе бидат домаќини на настанот од студиото во Бристол, Конектикат, а играчите ќе бидат прикажани со видео врска од нивните домови.

Драфтот во Националната фудбалска лига (НФЛ) беше идентичен, но комесарот Роџер Гудел ги најави изборите од дома.

Минесота Тимбервулфс го има првиот избор на драфтот и локалните аналитичари  сметаат дека Ентони Едвардс, Ламело Бол и центарот Џејмс Вајсман најверојатно ќе бидат први три избори на овогодинешиот драфт.

Share.

Leave A Reply