НБА Ол-Стар натпреварот нема да се игра во 2021 година. НБА потврди дека планираниот Ол-Стар викенд во Индијанаполис, кој беше закажан за 12-14 февруари 2021 година, е откажан поради ситуацијата со коронавирусот.
Индијана Пејсерс, кои наместо во 2021 година ќе бидат домаќини на Ол-Стар викендот во 2024 година.
Следниот натпревар на „ѕвездите“ е закажан за 2022 година и треба да се одржи во Кливленд. Една година подоцна домаќин ќе биде Солт Лејк Сити.
Новата сезона во НБА ќе започне на 22 декември.