НБА ноќ без изненадувања

0

Кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук, продолжува со фантастичните партии во НБА конкуренцијата откако го забележа и 14-от трипл дабл во сезонава или 51-ви во кариерата.

Оклахома славеше на теренот на Бостон со 117:112 а Вестбрук имаше 45 поени и по 11 скокови и асистенции. Николас Батум од Франција кој ги брани боите на Шарлот забележа 20 кошеви, 11 скокови и исто толку асистенции и беше најзаслужен за триумфот од 103:91 на мечот со Чикаго.

Еве ги комплетните резултати од последните мечеви реализирани во НБА лигата во текот на ноќта: Орландо-ЛА Лејкерс 109:90, Мемфис-Хјустон 115:109, Њу Орлеанс-Мајами 91:87, Денвер-Атланта 108:109, Феникс-Филаделфија 123:116, Јута-Торонто 98:104, Портланд-Сан Антонио 90:110, ЛА Клиперс-Далас 88:90.

Share.

Leave A Reply