Челниците на НБА лигата започнаа истрага поради договорот меѓу Сакраменто и Милвоки, во кој српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ беше во центарот на вниманието.
Претходните денови, сите светски медиуми ја пренесоа веста дека Богдановиќ бил испратен во Милвоки, но бидејќи Богдановиќ е ограничен слободен кошаркар, тој може да преговара со Сакраменто, но и со други тимови, само кога ќе започне преодниот рок. Дотогаш, строго е забрането и, пред сè, казниво екипите да стапат во контакт со играчи.
Бидејќи „трансферот бил договорен пред неколку дена, а преодниот рок започнува денеска, во четвртокот се појави информација дека Богдановиќ не сака да оди во Милвоки и дека нема контакт со таа франшиза. Како што се очекуваше, НБА-лигата започна истрага затоа што е „забрането“ „местење“, односно преговори со кошаркарите пред почетокот на преодниот рок.