НБА подготвува кратење на платите на кошаркарите за 25%

0

НБА и Здружението на кошаркарите во лигата ја разгледуваат можноста да ги намалат платите на кошаркарите за 25 проценти ако се појават откажувања на средбите од прекинатата сезона.

НБА беше суспендирана кон средината на март кога Руди Гобер беше позитивен за коронавирусот. Иако челниците на лигата се надеваат дека сезоната во најголем дел ќе се доигра, според извештајот на ЕСПН, се разгледува можноста за намалување на платите на кошаркарите за 25 проценти.

Лигата вети дека ќе ја исплати целосната заработка на играчите заклучно со 1 април, но намалувањата на приходите ќе се појават кога натпреварите ќе бидат официјално откажани.

Клубовите имаа по околу 20 натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната, при што се дискутира за различни формати за продолжување на натпреварувањето и плеј-офот.

Share.

Leave A Reply