НБА размислува да го скрати бројот на тајм-аутите

0

НБА лигата ја разгледува можноста за промена на правилата за да се забрзаат завршниците на средбите во најсилната светска кошаркарска лига. Како што пренесоа медиумите во САД, лигата ја разгледува опцијата за скратување на времето за тајм-аути во завршницата на НБА дуелите.

Со оваа мерка се планира и намалување на времето на траење на средбите, коие полека ги излудува гледачите и во арените и оние крај телевизиските екрани. Според истражувањата на НБА, долгите средби во лигата ги фрустрираат младите, кои се помалку сакаат да ги гледаат натпреварите.

Колку за илустрација, на дуелот меѓу Хјустон и Оклахома одигран неодамна, последните 24 секунди од средбата се играа скоро 10 минути. Комитетот на Лигата ова прашање ќе го разгледува на седницата на крајот на сезоната.

Share.

Leave A Reply