НБА се врати: Први победи за ЛА Лејкерс и Јута

0

По малку повеќе од четири месеци, најсилната кошаркарска лига на светот, НБА се врати со официјални натпревари.

Првиот натпревар во продолжението на регуларниот дел од сезоната во „Дизни Ворлд“ се одигра меѓу Њу Орлеанс и Јута Џез, а веднаш потоа тоа играа ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс.

И двата натпревари беа драматични, а победниците беа решени во последните секунди. Јута беше подобра од Њу Орлеанс во пенал завршница, а Леброн Џејмс го реши победникот на дербито во Лос Анџелес со два одлични потези.

На крајот, Јута – Њу Орлеанс 106:104, додека Лејкерс славеа над градскиот ривал Клиперс со 103:101. Ентони Дејвис со 34 поени беше најефикасен во градското дерби, додека Леброн постигна 16 поени. Во редовите на ЛА Клиперс, Пол Џорџ заврши како прв стрелец со 30 поени.

Share.

Leave A Reply