Кевин Лав и Кливленд Кавалирс ја продолжија соработката за нови четири години. Крилниот центар за тој период ќе добие 120 милиони долари. „Кога доаѓав од Минесота, мојот план беше да останам долго време во Охајо а сега тоа и се случува“, изјави искусниот Лав.
Еден од најдобрите кошаркари во последните сезони во НБА лигата, Крис Пол, ја продолжи соработката со Хјустон Рокетс. Тој во претходната сезона имаше во просек по 18,6 поени, 7,9 асистенции и 5,4 скокови.
Двејн Вејд кој изминатата сезона ја помина во Мајами Хит добил понуда од Кина. Имено, екипата на „Голден Булс“ испратила понуда вредна 25 милиони долари за период од три години.