Ндиди како замена за Џан на „Енфилд“

0

Ливерпул влегува во трка за потписот на играчот од средниот ред на Лестер, Вилфред Ндиди. Неколку релевантни англиски новинари потврдија дека раководството на „црвените“ веќе ги имало и првите контакти со агентот на фудбалерот.

Според вестите, Ндиди ќе биде најверојатната замена за Емре Џан кој летово по се изгледа го напушта „Енфилд“. Најверојатно Лестер ќе бара голема сума за негови заминување, бидејќи Ндиди остави одличен впечаток по 14 месеци во Премиер лигата. Договорот на нигерискиот фудбалер е со важност од уште четири години.

Share.

Leave A Reply