Потпретседателот на Јувентус Павел Недвед беше воодушевен што неговата екипа ја освои осмата титула во Италија.
Според него, ова достигнување на „старата дама” нема да биде надминато од друг тим. Ова е рекорд не само за Италија, туку и за сите пет големи европски првенства.
„Да се направи вакво нешто и да се освојува титулата во серија 8 години по ред не е само тешко, тоа е практично невозможно. Мислам дека такво нешто никогаш нема да се случи повторно, особено во Италија, каде што титулите се многу тешки за освојување. Продолжуваме и понатаму да победуваме со одлични играчи и тренери, но најмногу со менталитетот на Јувентус. Целиот клуб заслужува честитки. Навистина е нешто прекрасно што успеавме да го освоиме сите овие трофеи”, рече Недвед.