Неисправен дел бил главна причина за падот на хеликоптерот

0

Англиските медиуми објавија дека неисправноста на педали биле главната причина за падот на хеликоптерот во кој загина газдата на премиерлигашот Лестер, Вичај Ширвадханапраба.

Истражителите утврдиле дека педалите не работеле и дека пилотот на хеликоптерот ја изгубил контролата и се урнал 200 метри по полетувањето од центарот на стадионот – „Кинг Пауер“ во близина на домот на Лестер.

Во инцидентот кој ја потресе Англија и целата фудбалска јавност, покрај првиот човек на „лисиците“ загинаа уште пет лица.

Share.

Leave A Reply