Неизвесен настапот на Окслејд-Чемберлен на СП во Русија

0

Алекс Окслејд-Чембрлен може да се прости со надежите за учество на светското првенство, откако повредата на натпреварот со Рома синоќа се покаже сериозна.

Играчот на Ливерпул го напушти теренот во 18-та минута од првиот дел, кога по судир со Александар Коларов остана на земјата поради проблем со коленото, а потоа беше изнесен на носилка.

Претстојат нови тестови кои ќе покажат за што точно станува збор, но првичните впечатоци се дека неговата ситуација е доста тешка и повредата е сериозна.

„Ние сеуште немаме јасна слика, но медицинскиот тим е прилично загрижен поради тоа што може да биде навистина сериозна повреда. До крајот на сезоната нема многу време и првите знаци не се добри “, рече менаџерот на Ливерпул Јурген Клоп. Окслејд-Чемберлен се очекуваше да патува за Русија откако играше во последните две контроли на Англија. Тој има одиграно 42 натпревари за Ливерпул, а успеа да постигна 5 гола.

Share.

Leave A Reply