Нејмар бара поголема плата или си оди од ПСЖ

0

Повредената ѕвезда на ПСЖ, Нејмар, очигледно прави сé што е во негова моќ да си замине од Франција. Според авторитетниот британски весник „Тајмс“, капитенот на Бразил побарал уште поголема плата за да остане во Париз и следната сезона.

Според последното барање на Нејмар платата ако остане во Париз треба да достигне неверојатни 1,133 милиони на неделно ниво.

Така 26-годишниот голгетер би можел да добие досега невидени во фудбалската историја, 59 милиони евра по сезона. Но, според весникот, ова е само уште еден потег на Нејмар за ПСЖ да се откаже од него и да го продаде во Реал (М).

Share.

Leave A Reply