Настапот на Нејмар на натпреварот против Амиен од Лига 1 закажан за денеска, е неизвесен. Бразилецот во петокот прерано го напушти тренингот на ПСЖ, поради повреда.
Напаѓачот постигна гол во шокантниот пораз од Гингамп на домашен тере во Лига Купот на Франција одигран пред неколку дена. На листата на неизвесни за дуелот со Амиен е и Килиан Мбапе, кој чувствува замор.