Нејмар останува со надеж дека ќе се врати во Барса

0

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, кој во текот на летото се обиде со сите сили да издејствува враќање во Барселона, откри зошто сака повторно да игра во Шпанија.

„Кога не сте среќни, се обидувате да најдете начин да направите промена и да појдете на ново место на кое ќе бидете среќни и задоволни. Јас се обидов да го сторам тоа, но, останав тука. Сега ќе дадам се од мене во дресот на ПСЖ бидејќи сакам да му помогнам на тимот да освои трофеји“ – изјави Бразилецот.

Ќе потсетиме дека  Нејмар пред две години за големи 222 милиони го напушти „Камп Ноу“ и се пресели во Франција. Иако Барса испрати атрактивни понуди да го врати напаѓачот во Примера Дивизион, тимот од „паркот на принцовите“ експресно ги одбиваше.

Share.

Leave A Reply